Кратко упатство:

  1. Симнете програмот, ставете го у фолдер.

  2. Симнете ги СИТЕ репорти шо ви требаат за СИТЕ фабрики шо ги работиш. Мора OTM, FUSION и INVENTORY за секоја фабрика да имате симнато.

  3. INVENTORY фајловите МОРА да ги преименувате за програмот да ги распознае. Преименувајте ги во „JAX INV“ или „DA2 INV“. Овој формат работи најдобро.

  4. Фајловите ставете ги во фолдерот каде што ви е ставен FullReport.exe и config.json

  5. Отворете config.json со notepad и во редот кај шо пишува f_order заменете ги фабриките со вашите фабрики кои ги работите. Треба да имате извадено OTM, FUSION, INV за секоја фабрика. Додадете повеќе фабрики доколу работите повеќе фабрики, избришете ако работите две фабрики. Вака треба да изгледа:

    "f_order": ["TEM", "N09", "JAX"],
    
  6. Сејвнете откако ќе ги внесете вашите фабрики. (Да, утре коа ќе доете на работа ќе ви биде зачувано, само нови репорти треба да извадите и да ги ставите во фолдерот.)

  7. Пуштете го FullReport.exe. Почекајте на крај да ви се појави Press Enter to exit… Тогаш сте готови.

  8. Репортот ви е во истиот фолдер и ви се вика нешто као: REPORT_20260228_120202.xlsx

  9. Имајте пријатна смена.

Детално упатство за користење на Full Report

Зачувување на документи за правење на наш репорт

Прво се симнуваат сите потребни документи за фабриките кои ќе ги работите. Треба да симнете OTM report, FUSION/EBS report, и INVENTORY report за секоја фабрика што сакаш да имаш репорт.

Програмата не е совршена и има некои трикови кои би можеле да ги користите за да имате поточен репорт.

Топла препорака од авторот (не само за овој репорт, за било кој друг репорт) е прво да вадите FUSION, па после INVENTORY и на крај OTM за да се заштеди време за проверка.

Форматот на репортите не е важен. Програмата сама и прво ќе го смени форматот во потребниот формат во кој треба да се обработи понатака. Тоа значи дека нема потреба симнатиот фајл да се пресејвува во друг формат, но апликацијата работи со два ексел формата. НАПОМЕНА: Сите .xls фајлови во фолдерот со програмата ќе ви бидат конвертирани во .xlsx. Реалистично - ова не би ви било проблем, но мора да се напомене.

OTM и FUSION репортите не е важно како се крстени/именувани, програмата сама знае кој документ е за која фабрика и каков вид на документ е; дали е OTM или FUSION. Што е многу важно и програмата што не може сама да открие е тоа кој INVENTORY фајл е за која фабрика. Тука агентот треба да ѝ помогне на програмата и да и „каже“ на програмата кој inventory file е за која фабрика со тоа што INVENTORY документот мора да биде крстен нешто што програмата може да препознае, а програмата може да препознае ORG кодови и зборот „INV“ или „INVENTORY“ (целосното „INVENTORY“ не е тестирано и овој дел може да биде отстранет во иднина).

Програмата успешно препознава „JAX INV“ или „DAL INV“ или „N11 INV“. Теоретски треба да препознае било која комбинација на ORG код и на INV или INVENTORY. Нешто шо не препознава програмата е споени зборови; нема да препознае „JAXINV“ и слично.

НАПОМЕНА: Сите фајлови мора да се во ист фолдер заедно со config.json и FullReport.exe

Config.json